Откриена мрежа на финансиски криминал: Полицијата на терен во Липково, Куманово и Желино

Финансиска полиција проверува перење пари и даночни злоупотреби

Рано утрово полицијата започна серија претреси на локации во Липково, Куманово и Желино, како дел од истрага за финансиски криминал. Се испитува организирана група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела.

Неофицијално, се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и се сомничат за криминал вреден над 7 милиони евра. Засега нема потврдено детали за конкретни лица или компании.

Детали за акцијата се очекуваат по нејзиното завршување, додека полицијата продолжува со претресите и собирањето на докази за целосно расчистување на случајот.