Откако сегашниот и поранешниот лидер одржаа конгреси, на крајот Управниот суд ќе одлучи кој е претседател на Алијанса за Албанците.
Довчерашните пријатели, Зијадин Села и Арбен Таравари се сменија еден со друг и двајцата тврдат дека се легитимни претседататели на партијата.
Вчера делегатите со 591 глас, го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата.
Во петокот пак, исто така на вонреден конгрес на кој присуствуваа 421 делегат, крилото на Арбен Таравари го разреши Зијадин Села од функцијата претседател на Централното претседателство и го реизбраа Таравари за лидер на Алијанса за Албанците.
Како што тврдат двете крила, двата партиски печати се кај двајцата претседатели.
Се очекува да се поведе судска постапка пред Управниот суд за тоа кој ќе располага со нив, односно кој ќе биде легитимен претседател на партијата.
Расколот во АА започна поради тоа што Таравари донесе одлука на изборите да оди со албанската опозиција, додека Села смета дека партијата треба да има самостоен настап.