Околу 200 вработени во болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон добиле отказ затоа што во одредениот рок, до 1. ноември не се вакцинирале против коронавирусот.
Според информациите на светските агенции, раководството на болницата почекало дополнително уште еден месец, по што ги раскинало договорите со персоналот кој не бил вакциниран против Ковид 19.
„Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие 2 проценти кои пружија отпор ја раскинавме соработката“ велат од болницата во која има вработено околу 15.000 луѓе.