Хотелот во Грција им се извини на македонските гости кои добија известување дека треба предвреме да го напуштат

По веста дека туристи на агенцијата „ЈК Травел“ биле информирани да го напуштат хотелот „Хотелот Олеа Гарден“ во Геракини, реагираше туристичката агенција со демант.

  • Гостите кои се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаа резервирано и уплатено. Станува збор за непроверена информација која произлезе од кратко недоразбирање. Во ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Ова го тврдиме најодговорно. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. Истото можат да го потврдат и гостите кои се сместени во горе неведениот сместувачки капацитет. И самиот хотел се очекува во најбрз временски период да испрати официјален допис со кој ќе ја демантира оваа невистина. ЈК Травел е агенција која постои 16 години, а задоволството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење, велат од агенцијата.

Од туристичката агенција ЈК Травел испратија и соопштение во кое велат дека агенцијата воопшто не е поврзана со недоразбирањето што се случило во хотелот Олеа Гарден, во Грција.

  • Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаат резервирано и уплатено. Најодговорно тврдиме дека ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. За ова недоразбирање кое настана, а кое нема никаква врска со ЈК Травел, доказ е и извинувањето, во кое се негира било какво бркање на гости од собите и, секако, извинување до нас, како партнерска агенција. „Почитуван партнер ЈК Травел! Се извинуваме за било какво недоразбирање направено во комуникација со Вашите гости и рецепцијата. Ви гарантираме дека одморот на ниту еден Ваш гостин не беше прекинат во хотелот Олеа Гарден на ниту една минута. За истото може да Ве известат и самите гости во било кое време. Искрено се надеваме на добра идна соработка.“ – се вели во соопштението од хотелот.