Отворен предмет за фотографијата на заменик-директорот на „Македонија пат“ со мртвата мечка

Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго и започна истрага за да се утврди како настрадала мечката со која тој позирал на фотографија, при што во едната рака држи пушка.

Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго и започна истрага за да се утврди како настрадала мечката со која тој позирал на фотографија, при што во едната рака држи пушка.

-По објавите во медиумите, оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Ќе побараме од „Анима Мунди“ да ги достават нивните материјали и пријавите поднесени до надлежните институции, соопштија од ОЈО Битола.

Иако на фотографијата јасно се гледа дека заменик-директорот стои покрај мртва мечка, во снег, среде шума, тој негира дека ја убил. Во изјава за ТВ Телма, вели дека мечката била усмртена при сообраќајна несреќа и дека била отстранета од коловозната лента во месноста ротино-битолско. Потенцирал дека решавање на случајот ќе бара преку судски процес.

Здружението „Анима мунди“ бара заменик-директорот на „Македонија пат“ да биде разрешен од функцијата. Како причина за ова, тие први ја презентираа неговата фотографира на која тој позира со мечката како трофеј.

„Мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането и е казниво со затворска казна од една до пет години“, потсетуваат од „Анима мунди“.

Оттаму најавија дека против функционерот ќе поднесат кривична пријава.

Според македонското законодавство за мечката има трајна забрана за лов. Во Законот за дивечот и ловството, во Член 11 стои дека мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогнување или вознемирување е строго забрането, додека во член 14 е наведена трајната забрана зе нејзин лов.

Извор: Локално