Отворен конкурс за пријавување за седмото издание на „Филмај“
Фестивалот на краток филм „Филмај“ соопшти дека е во тек конкурсот за пријавување за седмото издание, што се организира од фото-кино клуб „Козјак” – Куманово.
Фестивалот на краток филм „Филмај“ соопшти дека е во тек конкурсот за пријавување за седмото издание, што се организира од фото-кино клуб „Козјак” – Куманово.
Преку платформите „FilmFreeway“ и „festhome“ може да се пријават кратки играни филмови со траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2023 година. Конкурсот е отворен до 15 март 2025 година.
Како што соопштија од фестивалот, филмовите може да конкурираат за награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда „Koзјак” за најдобрo сценарио и награда „Филмај” за најдобар краток филм. Македонските домашни филмови кои ќе се пријават, освен за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.
Тековните новости и информации ќе бидат објавени на фејсбук страницата на фестивалот.