Отворена истрага за сопствениците на барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана

Швајцарското обвинителство соопшти дека отворила кривична истрага за француските менаџери на барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, по пожарот на новогодишната ноќ кога загинаа најмалку 40 луѓе, јавува Ројтерс.

Швајцарското обвинителство соопшти дека отворила кривична истрага за француските менаџери на барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, по пожарот на новогодишната ноќ кога загинаа најмалку 40 луѓе, јавува Ројтерс.

Според соопштението на обвинителството на кантонот Вале , двајцата сопственици се осомничени за убиство од небрежност, телесни повреди од небрежност и палење од небрежност. Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети беа испитани во рамките на истрагата која продолжува за да се утврди нивната улога.

Според официјалните бројки, 40 лица загинаа, а 119 беа повредени во пожар што избувна на новогодишна забава во барот „Констелејшн“ во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во југозападна Швајцарија.

Пожарот во барот избувна во 1:30 часот наутро. Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности. Главниот регионален обвинител истакна дека властите го третираат случајот како пожар и дека е исклучена можноста за напад.

Швајцарските обвинители соопштија дека отвориле кривична истрага за француските менаџери на барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, каде што во пожарот во новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 луѓе. Жак (49) и Џесика Морети (40) првпат беа испрашани вчера.