Отворање на изложбата КАЛЕИДОСКОП на современата уметност

Во Галеријата ОСТЕН во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата КАЛЕИДОСКОП на современата уметност. Како што информираат од Галеријата ОСТЕН, групната изложба КАЛЕИДОСКОП на современата уметност е дел од серијата интернационални изложби со кои одбележуваме 80 години од постоењето на ОСТЕН.

Во Галеријата ОСТЕН во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата КАЛЕИДОСКОП на современата уметност.

Како што информираат од Галеријата ОСТЕН, групната изложба е дел од серијата интернационални изложби со кои се одбележуваат 80 години од постоењето на ОСТЕН.

Учесници во изложбата се наградени уметници, финалисти и долгогодишни соработници на ОСТЕН Биеналето – Скопје, а куратор е Корнелија Конеска.

На изложбата учествуваат Џозеф КОШУТ, САД – добитник на ГРАН ПРИ за ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ  на ОСТЕН Биенале на цртеж 2022 (дело од колекцијата на ОСТЕН), Лианг ДОНГМЕИ, Кина/Грција, Петра ФОРМАН, Австрија, Џералд ХУШЛАК, КанадаБилјана ЈЕВТИЌ, Србија, Аими КАЈА, Тајланд, Ана МОНТАНАРО, Италија,Јарослав САНКОВСКИ, Полска, Адриан СИНЕСКУ, Романија, Јудит ШТРУМ, Германија/Шпанија, Саори СУЕТАКА, Јапонија, како и Александра ТАУКИДУ, Грција.