Осум од десет Грци сметаат дека барањата на земјоделците се оправдани
Осум од десет Грци, односно 81 отсто сметаат дека барањата на земјоделците се оправдани, а 63 проценти го оправдуваат начинот на кој протестираат, со блокади на улиците, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

За општата ситуација во земјата, 71 отсто сметаат дека Грција оди во погрешна насока, процент повисок за два отсто во споредба со минатиот месец.
На прашањето „Како ја оценувате работата на Владата“, 72 проценти одговориле „негативно“, а негативна е оцената на граѓаните и во однос на областите како што економијата, односно плати, цени итн., каде што 79 отсто воопшто не се задоволни од работата и во демократијата и институциите, каде што негативните мислења достигнуваат 76 проценти.
Негативна е оцената и за грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но и за лидерот на главната опозициска партија ПАСОК, Никос Андрулакис.
На политичката сцена, и покрај негативните оцени за Владата, владејачката Нова демократија е стабилна на првата позиција со 21 отсто, односно десет повеќе од ПАСОК (11 проценти).
На третата позиција е Курс на слобода (9,7 отсто), а потоа следат Грчко решение (9 проценти), Комунистичката партија (6,5 проценти), и СИРИЗА (4,2 отсто)
Истражувањето на јавното мислење било спроведено од 9 до 16 декември со анкетирани 1.300 лица со право на глас.