Осум жртви откако автомобил удри во пешаци во град во централна Кина

Автомобил удрил во толпа луѓе во централниот кинески град Чангша при што загинале осум лица, јавија државните медиуми.

Според новинската агенција Синхуа, уште петмина се повредени, од кои тројца потешко.

По инцидентот рано утрово, 55-годишниот возач е приведен.

Сè уште не се познати точните околности на инцидентот, пренесе ДПА.