Синоќа во Вестминстерската опатија осумте внуци на кралицата Елизабета Втора бдееја покрај нејзиниот ковчег.
Вилијам носеше сина лента, додека другите внуци, вклучувајќи ги принцезите Беатрис и Евгенија, Зара Тиндал и Питер Филипс и Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, Виконт Северн носеа црно.
Принцот Хари сепак ја носеше униформата и покрај претходните известувања дека тоа нема да му биде дозволено бидејќи се откажал од титулите.
Заедно одржаа церемонија традиционално позната како бдение на принцовите.
На бдението дојдоа и принцот Едвард и неговата сопруга Софи, Ерлот и грофицата од Весекс.
Првпат во историјата внуци на монарх да вршат Бдение на принцовите, пишува „Би-Би-Си“.
Додека внуците на кралицата стоеја покрај нејзиниот ковчег, многумина забележаа дека со нив не беа ниту Кејт Мидлтон, ниту Меган Маркл. Не пристигнаа ниту принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Во понеделник ќе следи официјалниот погреб на кралицата Елизабета, која почина на 96-годишна возраст. Ковчегот ќе биде однесен во Вестминстерската опатија во текот на утрото. На официјалниот дел од погребот ќе присуствуваат членовите на нејзиното семејство и британските и светски лидери.