
Осуммина загинати во експлозија близу Црвената тврдина во Њу Делхи
Осум лица загинаа, а најмалку 24 се повредени при експлозија на паркирано возило во близина на метро станица до познатата Црвена тврдина во индиската престолнина Њу Делхи.
Осум лица загинаа, а најмалку 24 се повредени при експлозија на паркирано возило во близина на метро станица до познатата Црвена тврдина во индиската престолнина Њу Делхи, јави ПТИ, повикувајќи се на официјални извори.
Експлозијата се случила во период на густ сообраќај и предизвикала пожар на неколку околни возила. Видеоснимки на социјалните мрежи покажуваат големи оштетувања и искршени прозорци, а очевидци изјавиле дека на местото имало расфрлани делови од тела.
Причината за експлозијата сè уште не е позната, а полицијата започна истрага, изјави портпаролот на локалната полиција Санджај Тјаџи.
Црвената тврдина (Лал Кила) е историски споменик од 17 век, една од најпознатите туристички атракции во Индија.