Мерка притвор во траење од осум дена определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје против три лица поврзани со протестите од 5. јули пред
Собранитето и од 6. јули кај плоштадот „Скендербег“.
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули пред Собранитето на РСМ и од 6 јули кај плоштадот Скендербег, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка“ – соопштија од Основен кривичен суд Скопје.
Судот смета дека се исполенти условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно дека постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело.
Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.