Осумгодишно дете почина во Скопје, било нападнато од кучето на соседот

Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според објави во дел од медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во Општина Кисела В

По нападот, детето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.

„На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“ – велат од МВР.

За несреќата е известен јавен обвинител, а телото на осумгодишникот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.