
Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница, е ослободен.
Веста ја потврди неговиот адвокат Бесник Бериша.
„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето. Алил Демири сега е на слобода“, изјави неговиот адвокат Бесник Бериша.
Адвокатот Бериша и вчера беше убеден дека притворот и апсењето на Демири е извршено незаконски и претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права.
Бериша синоќа изјави дека Демири не може да биде екстрадиран во Република Северна Македонија бидејќи барањето на македонските власти е одлучено и одбиено од косовскиот суд во двата случаи.