Осуда за сквернавењето на македонското знаме

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје.

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР вчера во Хамбург го лишија од слобода македон

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека најава за настан во СВР Скопје имало од страна на Општина Чаир дека на плоштад Скендербег во 18:30 часот ќе има собир за прослава по повод Денот на албанското знаме. Оттаму повеќе информации за постапувањето на полицијата, за тоа дали имало инциденти и дали се постапува за да се откријат сторителите на сквернавењето на македонското знаме најавуваат за подоцна.

Со автомобили со развеани знамиња на Албанија по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Политичките партии го осудуваат чинот на сквернавењето на македонското знаме и бараат да бидат откриени сторителите и да бидат казнети по закон.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден.

– Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда.  Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Недостоинствено и непрофесионално е што се етикетираат медиуми и тоа што власта и политички поединци кон медиумите гледаат непријатели.

Оттаму ги повикуваат граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија.

И опозициската СДСМ најостро ги осуди инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.

-Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците. Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности, се посочува во соопштението.

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме. Димитриевски потенцира дека тој е за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваат со еднакви права и обврски и сите еднакво да бидат одговорни пред закон.

Лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ), Максим Димитриевски денеска заблагодарувајќи се за добиените 10 илјади потписи, потенцираше дека довербата која што ја добил од граѓаните не

-Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ.

Потсетува дека го честитал Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот на Куманово беше подржан настанот, како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.

– За жал, тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на Законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.

Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон.

– Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на меѓународната заедница, потенцира Максимовски.

Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса.

null

СДСМ бара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Од партијата повикуваат на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации.

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што се наведува во нивното соопштение, остро ја осудува „полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме“.

– Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција, наведуваат од партијата.

на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

Истовремено, тие го осудуваат „индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата“.  – Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит, се наведува во соопштението.

Ги повикуваат институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура.

Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Северна Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација, се наведува во соопштението.

Во реакција на соопштението на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ,  наведе дека „ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор“.

– Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот. Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат, стои во реакцијата.

Од Левица нагласуваат дека иредентизмот што го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација.

Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта, наведуваат од Левица.

Во рекордниот Предлог-буџет на владата на СДС и ДУИ, кој нема никаква развојна компонента, 140 милиони денари се скратени од ставката „Студентски стандард”.

Тие го обвинуваат Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски, дека, како што се наведува, „и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир“.

Левица бара од надлежните органи итно да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани.

Македонски концепт бара итна и силна реакција на државата.

– И за тие кои ги видовме на екраните како палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани, и за тие во МВР и АНБ, кои потфрлија со превенција за заштита на јавниот ред и поредок во земјава, наведуваат од партијата.

Реакции имаше и Социјалистичката партија.