
Остин: САД остануваат посветени на поддршката на Украина
Американскиот државен секретар Лојд Остин рече дека сака да ги увери сојузниците дека САД се посветени на поддршката на Киев по состанокот на украинската Контакт група за одбрана (UDCG) што се одржа во американската воена база Рамштајн во Германија.
Нашите сојузници и партнери продолжуваат да и помагаат (на Украина), САД мора да го сторат истото“, рече Остин по состанокот на UDCG, пренесе „Ал Џезира“.
Остин не кажа како Вашингтон ќе ја поддржи Украина без дополнителни средства за Украина.