Остин: САД нема да војуваат со Русија, но ќе продолжат да ја поддржуваат Украина

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави денеска дека САД нема да војуваат со Русија, туку ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската агресија.

„Како што сегашната администрација јасно стави до знаење: нема да бидеме вовлечени во непромислена војна по избор на Путин. Но, ќе ја поддржиме Украина во борбата за нејзиниот суверенитет и безбедност. Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО и ќе продолжиме да го зајакнуваме колективната одбрана и одвраќање на НАТО.“, рече тој на јавниот форум на НАТО во Вашингтон.

Остин истакна дека од инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина, НАТО е „поголем од кога било“.