Оставки на директорите на „Градски паркинг“ и на „Дрисла“: Никаква поддршка од Градот и бројни проблеми

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието.

И директорот на „Дрисла“ Јане Мицевски поднесе оставка. Тој вели дека немале никаква поддршка од Градот и имале бројни проблеми.

Ова доаѓа еден ден по разрешувањето од функцијата на првиот човек во ЈП „Водовод“, односно генералниот секретар во Град Скопје.