Оставка на заменик градоначалничката на Скопје: Се договоривме дека ќе го чистиме градот од ДУИ

Заменик градоначалничката на Град Скопје – Бујаре Абази денеска поднесе оставка од функцијата.

Абази, која е од редовите на партијата Алијанса за Албанците, на денешната прес-конференција истакна дека АА од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.

„На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните“ – нагласи Абази.