Дејвид Фрост – британскиот министер за Брегзит објави дека поднесува неотповиклива оставка. Како причина за овој негов потег ја наведува „загриженоста за насоката во која се движи Владата на премиерот Борис Џонсон“.
„Разочарувачки е што овој план стана јавен вечерва, и во дадените околности, мислам дека е правилно да напишам дека веднаш се повлекувам“, порача Фрост во писмото до премиерот Џонсон.
Фрост ги предводеше обидите на Лондон повторно да ги отвори преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската Унија.