Осомничените албански новинари добивале големи износи на пари за лажни вести во полза на криминална група

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, СПАК, попладнево објави официјално соопштение за мега-операцијата спроведена во Елбасан, каде беше погодена криминална организација која се занимава со шверц на кокаин од Латинска Америка.

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, СПАК, попладнево објави официјално соопштение за мега-операцијата спроведена во Елбасан, каде беше погодена криминална организација која се занимава со шверц на кокаин од Латинска Америка.

Криминалната мрежа била со седиште во градот Елбасан и ја проширила својата активност во земјите од Европската унија.

Според СПАК, оваа криминална организација била предводена од Суел Чеља, баран од органите на прогонот.

Меѓу другото, во соопштението се откриваат и службените пријави против новинарите Артан Хоџа и Елтон Ќино на кои им е одредена безбедносна мерка „задолжително јавување“ во Специјалниот суд.

-Новинарите на Црна хроника се обвинети за кривично дело „Активна корупција во приватниот сектор“, извршено во соработка. Според СПАК, Суел Чела со незаконски стекнати пари ги наградувал двајцата новинари кои потоа објавувале написи и видеа со кои дезинформирале, манипулирајќи го јавното мислење во корист на криминалната организација, објавија медиумите.

Во соопштението на СПАК, меѓу другото стои дека лицето М. Л имало за цел да „манипулира со јавната перцепција, претставувајќи ги своите ривали како недопирливи поради сомнителните врски што може да ги имаат со политиката“.

-Оваа стратегија, која вклучувала манипулирање со информации и влијание врз јавното мислење, не само што би ги зголемила неговите позиции, туку во исто време би им наштетила на интересите на неговите ривали. Овие цели ги реализирал преку соработка со новинарите А.Х. и Е. Ќ, кои против незаконските парични придобивки заземаа позиции во медиумите и објавуваа написи и видеа со кои се дезинформира и манипулира со јавното мислење, се вели во соопштението на СПАК.

По налог СПАК во големата полициска акција спроведена во соработка со Европол и со други албански и европски агенции за спроведување на законот, освен двајцата новинари, беа приведени високи полициски службеници, поранешни судии и адвокат.

Специјалниот суд изрекол 21 безбедносна мерка и тоа за 18 од приведените, вклучувајќи ги и поранешните судии во Елбасан, како и високи функционери на државната полиција, меѓу кои и началник на Полициски комесаријат во Тирана, определен е затворски притвор, мерка домашен притвор му е изречена на адвокат.

Обврска за јавување на новинарите Хоџа и Ќино, им е изречена, откако, како што самите изјавиле по излегување од судот, бил извршен претрес во нивните домови, неколку часовниот распит а им биле одземени и телефоните.