Осомничениот амбасадор Дритон Кучи се враќа од Норвешка со првиот авион

Меѓу осомничените во денешната акција на обвинителството за трагедијата во Кочани е и амбасадорот во Норвешка, Дритон Кучи, поранешен министер за економија.

Меѓу осомничените во денешната акција на обвинителството за трагедијата во Кочани е и амбасадорот во Норвешка, Дритон Кучи, поранешен министер за економија. Тој преку Фејсбук изјави дека со првиот авион се враќа назад во Скопје за да разговара со истражните органи, велејќи дека ги почитува законите на државата.

Еве што напиша на Фејсбук:

„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.

Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.

Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.

Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред.

Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата“.