Основец со камен удрил наставничка по главата и побегнал

Ученик со камен ја удрил наставничката по глава во босанскиот град Бања Лука.

Информацијата ја потврдил и началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ. Инцидентот се случил во основното училиште „Кнез Иво од Шемберије“.

Малолетникот во ходникот на училиштето ја удрил наставничката и побегнал. Наставничката добила укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите.

Малолетникот е упатен од медицинскиот центар во Бјелина на понатамошно лекување во Бања Лука.

Во мај годинава имаше масакр во училиште во Белград, каде ученик уби девет лица. Потоа имаше бран насилства во училиштата, но и закани за напади.