
Осми „Марш за ангелите“ во Кочани
Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“.
Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“.
Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута во Кочани, односно од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Во пишаното известување од семејствата на починатите стои дека маршот истовремено ќе биде посветен и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат нивните блиски роднини и пријатели да се придружат.
– Наша цел е јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај. Нема да застанеме ниту за момент, стои во известувањето.
Организаторите ги покануваат сите граѓани од источниот регион, но и од целата држава кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат, додека медиумите слободно да го проследат настанот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.