Осми ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот
Денеска собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа со разгледување на 54-тиот амандман на ребалансот на Буџетот, осми ден.
На вчерашниот ден од расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година на Комисијата за финансирање и буџет, беа разгледани 20 амандмани, а не беше усвоен ниту еден.
На ребалансот на Буџетот се поднесени вкупно 204 амандмани. Најмногу амандмани има поднесено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа над 170, 28 се на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство.
Согласно Деловникот за работа, расправата треба да трае 10 дена.
Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.