Македонскиот писател Томислав Османли за својот најнов роман „Столб што пее“ вели дека го опишува античкиот столб на која е најдена настарата напишана песна во стариот свет, но со модерна тематика што ја допира и украинската војна.
- Тоа е роман за песната на поентите, филозофите и миротворците, а од друга страна тврдокорната реалност во политиката. Работите се менуваат со невидена брзина и еден автор така го промислува светот кој се менува постојано. Би било добро да имаме промени постепено, а светот оди во опасна надолница. Кога еден администратор ќе собере 7144 луѓе и ќе ги однесе во неповрат, ќе ги качи на воз, по листи, а ќе ги тормози 10 дена во скопскиот монопол, какви се тие администратори? Во Губел, македонските Евреи ги однесе бугарскиот фашистички окупатор кој на ист начин однесе уште толку луѓе од Тракија. За мене е јасно, се работи за бугарскиот фашистички окупатор. Говор на омраза не е тоа, и не подразбираме бугарскиот народ, туку државата во тој период. – вели Османли.
Смета дека економијата не може да ја придвижи државата, зошто е константна. Македонија е земјата на бизнисмени, а партиите станаа сопственост на моќниците. Единствено културата и образованието се оние кои треба да не извадат од лукративноста на моќните структури.