Османи со отчет по две години од мандатот: Ја извлековме државата од балканскиот вртлог

Во последен момент успеавме да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог, е пораката што денеска ја испрати министерот за надворешни работи, Бујар Османи во отчетот за сработеното по две години од неговиот мандат.

При преземање на Министерството за надворешни работи имал, како што рече, неколку приоритети, како добри односи со Европската Унија и со САД, добри односи со соседите, економска дипломатија. Како успех, пак, ја наведе поништената Декларација во Бугарија за почеток на македонската интеграција во ЕУ.

За шефот на дипломатијата се разбирливи поделените ставови и мислења околу францускиот предлог во јавноста, меѓутоа изрази увереност оти „времето ќе покаже дека е донесена добра одлука“.

„Односите со Грција го оцени како продлабочени, што го поткрепи со двата нови гранични премина кои се отворени и силната поддршка што ја добива земјава од јужниот сосед во евроинтеграцискиот процес“ порача Османи.

Иницијативата „Отворен Балкан“ ја истакна во контекст на унапредените односи со Србија и со Албанија, со Косово, рече Османи.

Го потенцира решениот спор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), како и чествувањето на националниот празник „Илинден“ во манастирот „Прохор Пчински“.