Бујар Османи – македонскиот министер за надворешни работи синоќа изјави дека се уште нема постигнато формален договор со Бугарија, ниту пишан, ниту усмен.
„За секој проблем постојат решенија и токму за тие дискутираме. Но, некои од решенијата не ја добиле потребната потврда, затоа моментално немаме никаков договор со Бугарија, ниту потпишан ниту усмен. Но, мислам дека има сè уште надеж, има политичка клима за ова да се случи, доста работевме на ова и мислам дека во добар правец. Сите политички фактори во земјава сме на истата страна. На пример вчеравечер до рано изутрината преговаравме и разговаравме со бугарската страна и за тоа ги информирав и премиерот и претседателот на државата, сте сме на иста линија“ – изјави Османи на тв 21.
За „шегата“ на албанскиот премиер Еди Рама во Солун вели:
„Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам. Секако дека и Албанија е жртва на ова, но ви кажувам дека Рама беше отворен во неговите критики, фактички тој кажуваше нешто што ние не можеме поради одржување на процесот жив. Рама не е должен толку силно да ги поддржува нашите ставови, а тоа сите што беа таму го видоа, затоа мислам дека оваа критика кон него е бесмислена и некоректна. Секој кој ја следел неколку часовната дебата внатре ќе знае која беше целта на тој сарказам. Јас можам во името на Владата само да се заблагодарам за силната поддршка која таму ни ја даде премиерот Рама“ – вели Османи.