Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците, продолжуваме со „стражата на јазикот“
Бујар Османи од ДУИ денеска се обрати од пред Уставниот суд, и кажа дека одбиваат секакво продолжување на процесот за укинување на Законот за јазици, откако денеска Уставен донесе одлука да има подготвителна седница на која експерти, професори и политички партии учествуваат во расправата.

„Како легитимни претставници на последните претседателски и парламентарни избори, да го осудиме продолжувањето на седницата на Уставниот суд со монотетнички состав. Недозволиво е во мултиетничка држава највисокиот орган на државата да одржува седници со осетливи тема во монетнички состав.
-Пораката од уставните судии од другите етнички заедници, беше доволен знак седницата да прекине веднаш. Секогаш ваквите моноетничките седници биле најава за лоши периоди во мултиетнички држави. Одбиваме секаква одлука што значи продолжување на процесот за укинување на Законот за јазици. Единствената одлука која Уставен суд требаше да ги отфрли сите 13 точки. Продолжуваме со „стражата на јазикот“, изјави Османи.