Османи: По изборите НАИ ќе биде втора политичка сила во државата

Кандидатот за градоначалник на Чаир и водечки глас на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, во рамки на денешната прес-конференција најави дека албанската коалиција која ја предводи ДУИ на изборите очекува историски резултат.

„Очекуваме да добиеме некаде околу 150 илјади гласови, како НАИ, и само околу 50-60 илјади за ВРЕДИ,“ изјави Османи. Тој нагласи дека според сите проценки, НАИ ќе биде втора сила на државно ниво, додека ВРЕДИ, како што рече, „ќе биде 5-та или 6-та.“

„За мене е важно што Националната алијанса за интеграција ќе биде втора сила со најмногу гласови во државата“. Оваа држава треба да биде во партнерство меѓу двете најголеми заедници, албанската и македонската, почитувајќи ги правата на сите малцинства,“ порача Османи.

Тој нагласи дека овие избори имаат клучно политичко значење и ќе ги дефинираат новите односи на сила меѓу етничките и политичките блокови во државата. Според него, најважно е граѓаните јасно да ја искажат својата волја на 19 октомври.

„Овие избори ќе покажат дека имате еден победник кај македонскиот блок и вториот ќе биде НАИ, додека ВРЕДИ ќе биде 5-та или 6-та,“ рече Османи, додавајќи дека „важно е јавното мислење да се подели на овој начин на изборите.“ – заклучи тој.