Османи: Португалскиот предлог е најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграциите!

„Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции“.

Ова е оценката на министерот за надворешни работи Бујар Османи за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје.

„Сметам дека португалскиот предлог како основна рамка за идеите кои се разменуваат меѓу двете влади последните недели останува најдоброто решение за деблокирање на европската перспектива на Северна Македонија, па на регионот“ – рече Османи на тв Телма.

БПетков во изјава за БТВ повтори дека гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, за кој оценува дека за С. Македонија ќе трае најмалку 10 години.

Османи утре оди во Берлин, а наредниот ден во Софија.

Во рамки на посетатата на Германија тој ќе се сретне со државната министерка надлежна за Европа – Ана Лирман, со Михаил Рот и со Антон Хофрајтер.