
Османи: Планирам втор мандат како претседател на Косово
„Ќе разговарам со сите албански партии. Ќе треба да седнеме, да разговараме и да видиме дали волјата на граѓаните, која е јасна, ќе биде слушната. Огромното мнозинство мерења покажуваат дека околу 81 процент од граѓаните го сакаат мојот втор мандат. Ќе видиме дали пратениците сакаат таа волја да се материјализира. Ако пратениците не го сакаат тоа и немаат волја, јас ќе го продолжам мојот политички ангажман“, рече Османи.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес изјави дека планира втор мандат на таа позиција, дека чека формирање на нови институции и дискусии за поддршка на нејзината кандидатура.
Османи за Радио Слободна Европа изјави дека „има намера да продолжи со својот политички ангажман доколку не биде избрана за претседател“.
„Ќе разговарам со сите албански партии. Ќе треба да седнеме, да разговараме и да видиме дали волјата на граѓаните, која е јасна, ќе биде слушната. Огромното мнозинство мерења покажуваат дека околу 81 процент од граѓаните го сакаат мојот втор мандат. Ќе видиме дали пратениците сакаат таа волја да се материјализира. Ако пратениците не го сакаат тоа и немаат волја, јас ќе го продолжам мојот политички ангажман“, рече Османи.
Таа објави „добри вести на почетокот на следната година“, наведувајќи дека заедно со нејзиниот тим „направила многу со земјите што сакаа да ги замрзнат односите со Косово“.
„Србија тврдеше дека убедила повеќе од 20 земји да го повлечат признавањето на Косово. Тие земји навистина дадоа изјави во присуство на Србија. Имаше случаи кога испратија писма до Обединетите нации, имаше случаи кога ни испратија писма и известувања до нашите сојузници дека го замрзнуваат процесот на признавање додека не заврши дијалогот. Работев секоја од нив да се врати, освен една земја – со секоја од нив го потврдив признавањето на состаноците со нивните лидери. Беше како нови признавања“, рече таа.
Претседателот на Косово се избира индиректно, во Собранието на Косово, со двотретинско мнозинство од пратениците.