Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод 75-годишнината од основањето на НАТО порача дека Косово не запира на својот пат кон членство Северноатлантската воена алијанса.
Османи на платформата „Х“ напиша дека „НАТО е залог за идните генерации (во Косово) дека ќе наследат свет кој е побезбеден и посигурен“.
– НАТО е нашата судбина. Тоа е судбината на Косово. Нашиот пат до членство во Алијансата е незапирлив и непоколеблив. Продолжуваме заедно да одиме напред. Секогаш!, напиша Османи, приложувајќи кон објавата фотографија од нејзина средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.