Османи од Брисел: Охридскиот договор и европската интеграција се во опасност

„Во Брисел сум на состаноци на високо ниво во Европската комисија, со директорката за проширување, со кабинетот на Марта Кос, службата за надворешна политика на ЕУ, како и со голем број европратеници од различни парламентарни групи во Европскиот парламент“, изјавил Османи.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи заминал во посета на Брисел за да се сретне со претставници на Европската Унија и да ги информира за она што интегративците го сметаат за загрижувачко за иднината на Македонија – прекинувањето на патот кон ЕУ, влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на основните принципи на Охридскиот мировен договор.

„Да ги покренам двете главни прашања од Северна Македонија, кои се разочарувачки за иднината на земјата. Доведувањето во прашање на Охридскиот мировен договор и прекинувањето на европскиот пат, овие две теми се основа на благосостојбата и безбедната иднина на граѓаните и се надевам дека ова ќе го вклучи алармот и фокусот на Европската Унија да ги прекине овие динамики“, рекол Бујар Османи.

Во изјава за ТВ21, поранешниот министер за надворешни работи посочил дека за време на неговиот дводневен престој во главниот град на ЕУ, ќе разговара со претставници на Европската комисија, одговорни за проширувањето на унијата, како и со европратеници.