Османи: Односите во ДУИ се добри!

Бујар Османи од позиција на портпарол на ДУИ вели дека односите во партијата се добри и оти по вчерашното потпретседателство ќе биде видлива нова енергија.

„Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави“ – изјави Османи.

Проблемите, вели, се слични во сите партии и организации. Проценките, како што нагласи, се прават во однос на тоа дали имате таков капацитет за да ги надминете и од секоја потешкотија да создадете можност.

„ДУИ се покажа во овие дваесет години како лидер и нов модел на одржување на динамизирање, обновување на една организација која еве 20 години нема изгубено ниту едни избори и на секои станува се послна и посилна. И ќе видите, како што реков и вчера, една нова еанергија во ДУИ и после ова централно претседателство“ – рече Османи.

Тој нагласи дека вчера по партискиот состанок имало многу информации кои биле погрешни, а се однесувале на тоа дека некој бил сменет од функцијата.

„Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството“ рече портпаролот на ДУИ.