Османи не знаел дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ

Бујар Османи дознал од медиумите дека компанијата која ќе го адаптира СЦ Борис Трајкоски, била донатор на ДУИ, партијата каде е портпарол, а неодамна беше избран за потпретседател на истата. Османи тврди дека цел процес бил транспарентен.

Не постоел закон кој овозможувал ветинг на фирмите, па не била проверена компанијата туку само понудата

„Постапката е крајно транспарентна, Министерството нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до Антикорупциска комисија и Обвинителството. И вие да бевте на мое место ќе немавте друг избор, ќе го направевте тој избор инаку ќе одговоравте. Еве, да донесеме закон за компаниите што донираат на партии да не може да учествуваат на тендери. Знам дека не ви се верува, јас од медиуми дознав дека фирмата е донатор на ДУИ. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање, оти ги очекував ваквите реакции“, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли.

Фирмата од Желино е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми. Сопственикот Ељмедин лани на ДУИ како физичко лице донирал над денари над 40.000 евра „Еуровиа“ донирало 30.000 евра.