Османи не гледа ништо спорно при изборот на „Еуровиа“

Бујар Османи, шефот на македонската дипломатија вели дека нема ништо спорно во документацијата за случајот поврзан со изборот на фирмата донатор на ДУИ Еуровиа за изведувач и адаптација на салата Борис Трајковски за конференцијата на ОБСЕ во декември вредна 1,8 милиони евра.

Османи и денеска со извинување до јавноста дека изминатите два дена како што вели не се изјаснил бидејќи не бил овде но тврди нема никаква корупција и дека со изборот на најефтина компанија биле заштедени пари од буџетот и секој друг избор би бил против законски, објавува ТВ24.

Според направената првична анализа има доволно елементи за отворање предмет бидејќи се работи за големи суми и за политички врски . За сите нови моменти ДКСК тековно ќе информира и ќе постапува согласно надлежностите .

Од ОЈО пак велат дека до нив не стигнале никакви докази кои индицираат на кривична одговорност а доколку има прекршочна ОЈО не е надлежно за тоа . Сепак велат дека доколку антикорупциска или ДЗР имаат докази дека се работи и за кривични дела спремни се да соработуваат или по допрен глас да отворат предмет.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска со нови обвинувања дека сите фирми како што велат блиски до ДУИ се богатат на гработ на граѓаните .

„Еуровиа“ е во фокусот на јавноста поради добиениот тендер вреден над 1,8 милиони евра за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и во декември. Но, и лани имала тековни зделки со државата и општините, а според јавно објавените податоци истата година фирмата донирала и 1,8 милиони денари на политичката партија ДУИ а еден од сопственици на Елмедин Адеми донирал 2,5 милиони денари.

Според одредбите на законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“.

Од „Еуровиа“ негираат дека има прекршување на законот. И вчера во дописот до медиумите тврдеа дека не донирале за партијата на Ахмети но , немаше информација дали Еуровиа Холдинг, фирмата-мајка на Еуровиа била донатор за кампањата на локалните избори.

Освен Конференцијата Еуровиа спроведува уште еден тендер – За два милиони евра ќе ја гради новата полициска станица во Аеродром, која пред еден месец ја најавија премиерот Ковачевски и министерот за внатрешни работи Спасовски. И од МВР, и од МНР велат дека тендерската постапка е целосно чиста, а Еруовиа била најповолниот понудувач.