На власта и недостигаат осум пратеници за да бидат изгласани Уставните измени. Ова денеска на брифинг за новинарите го кажа министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако предлог уставните измени во вторникот поминаа на Комисијата за уставни прашања и на 18 август треба да се најдат на пленарна седница пред пратениците од кои 80 треба да го притиснат зелeното копче – најпрвин за отворање на Уставот за измени, а потоа и за самите уставни измени. Османи со став како власта ќе ги обезбеди потребните гласови за се тоа да се случи, пренесува Телма.
„Мислам дека прво треба да чекаме сега оваа расправа која почна формално за содржината да почне да го дава својот ефект. Првиот ефект е дека нема јавен отпор по однос на содржината. Нема поплаки, нема некој страв од содржината на уставните измени, бидејќи луѓето се свесни. Пропаганда можете додека не ги прочитаат луѓето“, вели Бујар Османи, министер за надвореши работи.
Но, освен со содржината на уставните измени, како што информираше Османи кој од пред една недела е и потпретседател на ДУИ, опозицијата за уставни измени ќе се премислува и со политички понуди. Таа што уште е на маса е ДУИ да се повлече од владата дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.
„Спремни сме сега да ја потпишеме, да ја доставиме до премиерот, до Собранието, до политичките партии“, дециден е Османи.
Османи освен за домашните денеска зборуваше и за надворешните гаранции околу уставните измени. По рече дека од новата бугарска влада стигнала гаранција дека нема да има нови барања до земјава, а отиде чекор понатаму и рече дека Македонија и самата може да гарантира дека нема да има нови барања до неа. Според Османи, ваквата гранција се црпи од преговарачката рамка со ЕУ, во која ниту Договорот, ниту Протоколот со Бугарија не се услов за отворање или за затворање на ниту едно од 35 поглавја од преговорите.
„Договорот е само во општиот впечаотк за добрососедските односи, но за тоа не се гласа во Европската унија. Нема да има ниту извештај писмен од страна на Европската комисија по однос на степенот на реализација на Договорот со Бугарија и Протоколот и ова ви го кажувам најодговорно. И дека нема на што да се повикува, на кој дел од преговарачката рамка, за да изнесе Бугарија утре барање до Комисијата за да даде писмен извештај дека е реалзиран или не е реализиран. Се друго е пропаганда“, тврди Османи.
Османи денска инфомираше дека по неколкумесен застој во билатерланите односи меѓу Македонија и Бугарија изминатава недела во Софија бил одржан експертски разговори на ново на министерства за надворешни работи, по кој ќе следи уште еден в септември во Скопје, а на кој ќе биде утвредно како ќе продолжи работата на секторските работни групи меѓу двете земји.