Косовската претседателка Вјоса Османи наесен очекува нови градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население на северот на земјата.
Притоа истакна дека најдобро би било Србите да бараат поднесат петиција за смена на градоначалниците што, според неа, би било потврда дека ќе учествуваат на повторените избори.
Додаде и дека официјална Приштина сè уште не добила гаранции од Европската Унија за учество на Србите во повторниот изборен процес по летните одмори.
Османи го оцени договорот со Европската Унија за чекорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово како „добра вест“ и изрази надеж дека Брисел ќе ги повлече мерките против Приштина.
Ваквите нејзини ставови доаѓаат по турбулентниот ден во косовското собрание и нападите врз премиерот Албин Курти од опозициските пратеници.
На сцените со физички контакти меѓу пратеници од опозицијата и владеачкото мнозинство им претходеа критики на сметка на „Самоопределување“ на премиерот Курти, пред сè поради разговорот што беше објавен во јавност на кој се слуша пратеничка од „Самоопределување“ признава дека неколкупати разговарала со Милан Радоичиќ, лице со потерница и потпретседател на Српската листа.