Османи му честита победа на Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН Изет Меџити и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови.

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН Изет Меџити и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови.

„Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. За следните политички чекори, во следните денови“, напиша Османи на Фејсбук.

Тој изрази задоволство од денот на изборите, оценувајќи дека изборниот ден бил успешен и без големи забелешки, но оцени дека кампањата не била ни фер ни легална.

„Би сакал да изразам благодарност до сите соработници во текот на кампањата: од активисти и партиски и коалициски пријатели, поддржувачи, форумот на жени. Навистина беше чест да се работи посветено и пожртвувано, процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства. Сепак, во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Доволно долго сум во политиката за да ги препознавам и почитувам пораките што граѓаните ги испраќаат. Иако кампањата не беше ни фер ни легална во секој аспект, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека искреноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации“, порача Османи.