Османи: Меџити избега од закажана дебата
„Сметам дека и Македонската телевизија треба да го испочитува зборот што го има напишано во поканата, дека доколку не дојде еден од кандидатите, ќе остане празното столче. Двајцата други кандидати прифатија, единствено Меџити не прифати”, потенцира Османи.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска во живо се вклучи пред Македонската телевизија, каде што требаше да се одржи јавна дебата меѓу него и неговиот противкандидат. Османи соопшти дека, и покрај уредната покана од МРТВ, и потврда за негово присуство, поради тоа што неговиот противкандидат Изет Меџити не се појавил на закажаната дебата, таа е откажана.
„Денес во 12 часот требаше да се одржи дебатата меѓу мене и мојот противкандидат. Бевме поканети сосема уредно, поканата од Македонската телевизија гласеше дека, дури и ако еден од кандидатите не дојде, столчето ќе остане празно. Јас дојдов и го ослободив терминот, ги откажав средбите со граѓаните, за тие да го видат соочувањето меѓу понудите”, изјави Османи и додаде дека граѓаните треба да оценат зашто Меџити избегал од дебата.
Тој истакна дека ваквото однесување е показател за односот кон јавноста и отсуството на храброст за аргументирана дебата.