„За Левица имам свој став дека тие не се македонска партија туку дека се партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против Европската Унија и САД“ вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум.
„Мислам дека на државата нема да можат да направат многу штета заради тоа што во државата има поширок консензус за тоа, но за народот кој што го претставуваат може да направат многу штета обидувајќи се да ги свртат пред вредностите што ние ги споделуваме, рече министерот Османи. Според него легитимно е партиите да го користат незадоволството и фрустрациите на граѓаните за политички цели, но смета дека тоа мора да има граници, да не се прави на сметка на иднината на државата и на иднината на граѓаните“ – вели Османи.
Тој во однос на иницијативата за референдум, смета дека референдум за договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да се случи.