Министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи вчера во објава на Фејсбук информира дека се сретнал со амбасадори на четири странски држави.
Во објавата Османи пишува дека пред амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија изразил загриженост за компромитирање на изборниот процес.
„Се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија. Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволните одлуки на Државната изборна комисија (ДИК) со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“ – пишува Османи во објавата на Фејсбук.
На средбите, шефот на дипломатијата ја изразил и неопходноста од почитување на Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и европската иднина на земјата.