Османи: Името „Цар Борис“ е провокација, им штети на Бугарите во Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека името на клубот „Цар Борис“ е провокација и не во духот на соживотот и добрососедството.

-Името е избрано такво, цар Борис, но мислам дека не е во духот на втората точка од конвенцијата, затоа што не создава услови за толеранција, соживот и добрососедство. Го сметам името за провокација и мислам дека е на штета на бугарската заедница во Македонија. Дали тоа некој го прави свесно, не можам да кажам.  Тоа им пречи за афирмација на малцинските вредности на Бугарите во земјава. Но, самите тие, како и  Бугарија е најдобро да кажат дали и колку штети трпат, рече Османи.