Османи: Има предлог-документ за договор со Бугарија, но рано е за детали

Постои  предлог-документ за договор со Бугарија, кој е прифатлив за Македонија, но засега министерот за надворешни работи – Бујар Османи не може да сподели детали.

Според него, рано било да ја информира јавноста затоа што договор меѓу двете земји се уште нема.

„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“ – вели тој.

Шефот на дипломатијата потврди дека во сабота со премиерот на Бугарија – Кирил Петков договараат официјална средба.

Во случај да не се постигне решение и Македонија да остане блокирана, а во однос на можноста Албанија да се одвои од евроинтегративниот пакет, Османи рече дека ваквата опција на долгорочно не би и одговарала на официјална Тирана.