Османи е во Киев на средба со Кулеба

Бујар Османи – македонскиот министерот за надворешни работи денеска e во работна посета на Киев. Предвидено е тој да оствари средба со неговиот колега, Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.

Од МНР информираат дека Османи е предвидено со Кулеба да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.

Османи во Киев го пречека македонскиот амбасадор во Украина – Крум Ефремов кој се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши функцијата, соопштуваат од МНР.