Македонскиот шеф на дипломатијата – Бујар Османи денеска учествува на вонредниот министерски состанок на НАТО. Пред почетокот на состанок тој ја изразил поддршката на С. Македонија на Украина. Османи порача дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна гледна точка, со оглед на руските напади на истокот.
„ЕУ треба да го забрза проширувањето кон Истокот“ – рече Бујар Османи, алудирајќи на блокадата за С. Македонија и Албанија, во контекст и на барањето за членство на Украина, Молдавија и Грузија.
„На Западниот Балкан, НАТО членството беше најважната одлука која го стабилизираше, тоа е најважниот фактор во стабилизацијата на регионот“ рече Османи.
Земјава преку министерот за надворешни изрази поддршка за храброста и одлучноста на Украина да постигне мирно решение.
„Украина не е сама“ – порача Османи.