Османи: Единствен излез за состојбите во судството е почеток на преговори со ЕУ

Соединетите држави ќе продолжат со поддршката во борбата против криминалот и корупцијата, но лидерите во Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството – велат од американскиот Стејт департмент прашани за случајот Феникс поврзан со проектот Скопје 2014.

Министерот Османи рече дека единствен излез за состојбите во судството е почеток на преговори со ЕУ.

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета единствениот спас за реформа на судството се преговорите со ЕУ.

-Губам надеж дека ние самите ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворањето на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на ЕУ во тој дел. Уште еднаш прашањето на отворањето на поглавја е клучно за внатрешните процеси. Пробавме се, пробавме со најдобрите закони. Нема реформи и враќање на довербата без затворање на Поглавјата 23 и 24. Верувајте нема подобри закони и порадикални закони, како што се нашите во делот на правосудството. Мислам дека нема друга земја каде што има единствена точка на влез во судството и обвинителството, освен преку Академија, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања.