
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со случувањата во Алијанса за Албанците утрово на тв24 рече дека изборот на премиер Албанец е голем успех за државата и тоа не било само правото кое Албанците го добиле во државата.
– Државата да стане еднаква за сите граѓани. Имаше зон на етнички монопол до 2001 година и Рамковниот договор почна да ги интегрира заедниците. Македонците се уште се незадоволни и на интеграцијата гледаат како непријателски чин. Оваа сатанизација која се прави кон ДУИ има чисто партиско политички карактер. ДУИ е најдржавничката партија од државничка перспектива. ДУИ не партизира, туку интегрира. Другите балкански држави може да сонуваат за ова. Не може да има одржлива хармонија и стабилност во услови на етничка номинација едни врз други. Мора да бидеме еднакви и еднаквоста се гледа како губење на нешто наше. Нормализација на еднаквоста не е само бројки, туку на менување на менталитет. Не може во една постохридска Македонија, да има обиди во кои граѓани од друга етничка заедница се сметаат за табу на одредена позиција – вели Османи.
Во врска со техничката влада, рече дека имало досега една седница и недоговорно би било од ВМРО-ДПМНЕ да саботираат влада.
Смета дека партиските разлики се топат кога има силен геостратешки објектив. Сите што мислат дека државата може сама, сами по себе ќе се здружат и ова ќе биде битка на концепти, на европски западен и некаков изолационен источен.